Движење на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец Ноември 2024 година
Движење на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец Октомври 2024 година
Движење на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец Септември 2024 година
Движење на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец Август 2024 година
Движење на индексот на цените на мало во Република Македонија за месец Јули 2024 година
Консултантско друштво за економско-правни и други услуги - Скопје, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 48
Македонија биро е едно од најстарите консултантски друштва во РМ. Формирано е на 15.06.1971 година, и е единствена специјализирана организација за давање стручна и друга помош на сите кадри од областа на буџетите и буџетските корисници, здравствените и непрофитни организации и делумно и за трговските друштва преку одржување на разни стручни советувања, семинари, лични контакти и други форми на едукација на споменатиот кадар.
Дејноста на друштвото е:
- изучување, следење и примена на прописите од економско-финансиската, правната и сметководствена област која се применува кај вонстопанските дејности (буџетите и буџетските корисници и непрофитните организации),
- одржување на стручни семинари, советувања и други форми на едукација на вработените раководни, стручни и други административни лица кај вонстопанските и стопански дејности,
- консултации, прашања и одговори - неограничени во доменот на економско-правното и сметководствено работење пред се за буџетите и буџетските корисници и непрофитните организации, а по потреба и за субјектите од стопанство,
- подготвување, печатење и издавање на разна стручна литература во вид на прирачници, списанија и други форми на литература од потраен карактер и повремени и месечни билтени наменети за буџетите и буџетските корисници и непрофитните организации и дел за трговските друштва,
- припрема, печатење и издавање на сите видови обрасци за сметковод-ственото, комерцијалното и административно работење за сите дејности во РМ,
- припрема, печатење и издавање на сите видови финансиски извештаи (за редовните и вонредни годишни сметки и повремени пресметки - извештаи во текот на годината) за потребите на трговските друштва сите видови од областа на стопанството и вонстопанските дејности (буџетите и буџетските корисници и непрофитните организации),
- со својата стручна служба учествува во подготвувањето на одделни законски прописи кои се однесуваат на економско-сметководственото и правно работење пред се за вонстопанските и дел за стопанските дејности.
Месечни и повремени списанија
а) Месечен билтен - пракса, сметководство, финансии и правна проблематика кој ја обработува следната материја:
I. Примена на прописите за буџетите и буџетското работење (буџет, извршување на буџетот и буџетското и фондовско работење);
II. Пресметување и исплата на платите, додатоците на платите и нивните придонеси и даноци;
III. Надоместоци на платите;
IV. Издатоци на име трошоци поврзани со работата;
V. Персонален данок;
VI. Данок од добивката;
VII. Данок на додадена вредност и акцизи;
VIII. Расходи и приходи;
IX. Примена на прописите за непрофитните организации;
X. Вкупен приход, добивка и нивна распределба;
XI. Практични примери за книжење во сметководството;
XII. Правна проблематика (стручна и општа);
XIII. Јавни набавки и
XIV. Разно.
б) Повремени списанија и стручна литература од повеќе области во кои се третираат прашањата од примената на прописите кои се однесуваат на буџетите и буџетските корисници, здравствените и непрофитни организации и делумно за трговските друштва.
в) Разна друга литература и помошни помагала во вид на упатства, појаснувања и разјаснувања за правилна примена на законските прописи.
г) Подготвување на нормативни акти од доменот на економско-финансиското сметководствено и правно работење, како и работното законодавство.
Други форми на соработка
Разни форми на соработка преку лични контакти кај комитентите или на лице место во Македонија биро за разни појаснувања и разјаснувања на прашања за кои комитентите не се во состојба сами да ги разрешат.
Македонија биро - Скопје секогаш е отворена за соработка со сите свои и нови комитенти во доменот на давање помош од секаков вид соработка во делот на организацијата и примената на прописите кои се однесуваат на комитентите кои соработуваат со Македонија биро - Скопје.
ПРОДАЖБАТА НА СИТЕ ВИДОВИ СТОКИ И МАТЕРИЈАЛИ СЕ ВРШИ:
а) на големо преку комерцијалната служба и
б) на мало преку продавниците - книжарниците на МАКЕДОНИЈА БИРО - Скопје.
Македонија биро - Скопје на своите комитенти секогаш им посакува многу успех и среќа во работењето.
“МАКЕДОНИЈА БИРО” - Скопје
Консултантско друштво за економско-правни и други услуги
организира стручно-едукативно “on-line” предавање на тема:
ПЛАТИТЕ И ИЗДАТОЦИТЕ НА ИМЕ МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ ЗА 2024 година; ФИНАНСИСКИТЕ ПЛАНОВИ ЗА 2025 година ПО НОВИОТ ЗАКОН ЗА БУЏЕТИТЕ; ПОПИС НА СРЕДСТВАТА, АМОРТИЗАЦИЈА И РЕВАЛОРИЗАЦИЈА ЗА 2024 година; ПОЈАСНУВАЊА ЗА ПОВАЖНИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ И ЗА ДРУГИ МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКИ И ПРАВНИ ПРАШАЊА
„on-line“, на 17 и 18 октомври 2024 година